Фери Исиќ седми на Светското првенство, Емилија Јањиќ деветта

Feri Isik na BP

По првичните настапи на нашите каратисти во првиот дел од натпреварувањето на денот во кои имаше само една победа, поради добриот пласман на противниците Емилија Јањиќ и Фери Исиќ добија шанса во репасажот, додека Маријана Димоска настапи во кати за јуниори и извојува две победи против Антонија Рухота од Грција (5-0) и Тан Нгок Фан од Виетнам, но потоа загуби со 5-0 од Италијанката Лиза Пиви со 1-4.

Во конкуренција на јуниори до 21 година, Фери Исиќ загуби 2-3 во второто коло од Шпанецот Антонио Гарсија Варгас. Бидејќи Варгас стаса до полуфиналето, Исиќ настапи и во репасажот, Најпрво славеше против Леонардо Родригес од Мексико со 3-2, потоа против Кристијан Тавареш од Бразил со 5-0, но на патот кон бронзата беше поразен од Малезиецот Веи Тнег Ох со 2-3, и на крајот го освои седмото место.

 Емилија Јаниќ (+54 кг) го освои деветтото место, иако претрепе пораз од 1-2 од Кајра Сежџин од Турција во борби во У- 21. Турчинката стаса до полуфиналето, па Јањиќ доби шанса во репасажот, при што загуби од Дина Дурмиш (Србија) со 0-1.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО