Мирко Филиповиќ ќе се сретне со Рој Нелсон на Белатор 2017

Легендата Мирко Филиповиќ – Кро Кап конечно ќе го направи дебито за Белатор. 

Кро Кап против Рој Нелсон на Белатор 217 на 16 февруари во Конектикат. Тие требаше да се борат оваа година, но тогаш Мирко го повреди коленото и мораше да се подложи на операција. Неколку месеци подоцна учествуваше на настан на Ризин и го нокаутира (ТКО) Роке Мартинез во првата рунда и влезе во серија од девет последователни победи .

Нелсон пред два месеца загуби со нокаут од Сергеј Харитонов и влезе во серија од два последователни порази. Тие имаат една средба во УФЦ во 2011 година и тогаш Нелсон го нокаутира Кро Кап во третата рунда, но сега Флиповиќ има шанса да му се реваншира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО