Мевлуд Мемеди се наметнува во репрезентацијата со својата храброст и одлучност

Мевлуд Мемеди жали што не освои бронзен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во конкуренција на јуниори до 76 килограми, но во исто време и ќе се горедее, не само тој, туку и тренерите, селекторите и стручните карате лица, затоа што покажа храброст и пожртвуваност. Настапи во категоирјата до 76 килограми иако трбеаш да симне само еден килограм и да настапи во 67 кг и да се бори повреде и покрај советите воопшто да не влегува на татамито.

Мемемди не е ново лице во на македонската карте сцена, бидејќи неговите резултати посочуваат на спортски потенцијал на кого може да се смета. Тој е државен првак и беше петти на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска.

„Искрено, Мевлуд е вистинско изненадување и за мене. Моите очекувања не беа дека Мевлуд толку бргу ќе напредува, но неговиот карактер со кој брзо се прилагоди, и како спортист и како другар, му овозможи многу брз напредок  и добри спортски резултати. Како државен првак во категоријата јуниори -76 кг, Мевлуд учествуваше на Балканското првенство во Дубровник и стигна до полуфиналето победувајки каратисти кој имаат зад себе врвни спортски резултати, но во полуфиналната борба за влез во финале бише оштетен од судиите и остана да се бори само за трето место. Со  повредената   ногата не очекував дека Мевлуд ќе може да се бори и да победи за медал, па инсистирав да не се бори за трето место, но тој реши да ја изгуби борбата а да се бори до крај. Ќе заклучам дека Мевлуд е спортист во вистинска смисла на зборот и посакувам секогаш вака пријатно да не изненадува“, вели неговиот тренер Елвир Куртановиќ.

Мевлуд во КК Кеикс веќе е една година.

Мојата дилема при изборот на клубот каде ќе ја продолжам својата спортска кариера беше КК Кеикс и со  изборот сум пресреќен. Пред се, имам добро друштво и поддршка од нив, што за мене е голем мотив. Тренерот е строг, но праведен, и пред се многу стручен. Голема  и сложна екипа сме. Додека вежбаме и се натпреваруваме секогаш ја имаме поддршката и од нашите родители, со еден збор функционираме како едно семејство. Денес јас направив добар пласман и сите се радуваа, утре другите ќе постигнат добар резултат, затоа што имаат потенцијали и квалитет и, пак. сите ќе се радуваме . Битно е што добив вистински другари со кои сме заедно и кога се радуваме и кога тагуваме. Вистински пријатели, верувам за цел живот. Никако не можам кога зборувам за мојот клуб а де не ја спомнам Шкодране Дардишта, личноста која е од огромно значење за сите нас. Таа е се што нам ни треба, другар, заштитник, морална поддршка. Не следи на сите можни натпревари и тренинзи и секогаш има време за нас да не сослуша, да помогне и посоветува. И уште нешто, што е битно, секогаш не брани од тренерот хахаха“, вели со насмевка Мемеди.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО