Миочиќ не му дозволи на Дана Вајт да му го врачи појасот (ВИДЕО)

Откако беше објавено дека со едногласна судска одлука (50-44, 50-44, 50-44) го победи Френсис Нгану, Стипе Миочиќ го покажа што го мисли за третманот на најголемата ММА промоција спрема својот шампион во тешка категорија.

Со третата одбрана на титулата американскиот Хрват постави рекорд во тешка категорија на УФЦ.

По прогласувањето, како што е вообичаено, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, тргна да му го стави појас околу половината. Пред да го стори тоа, Миочиќ го зеде појасот од рацете и му го даде на својот тренер Маркус Маринели да го направи тоа.

За време на интервјуто со Џо Роган по борбата Миочиќ открил дека тој и неговата сопруга очекуваат бебе.

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1576749085694369/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON