Миочиќ му ја зема мерката на Нгану и стана цар на УФЦ во тешка категорија (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ (18-2, 12-12 УФЦ) го победи Френсис Нгану (11-2, 6-1 УФЦ) со едногласна судиска одлука во главната борба на уФЦ 220 во Бостон.

Американскиот Хрват со тоа по трети пат ја одбрани титулата и постави рекорд во тешката категирија на УФЦ. Претходните пет борби ги заврши со нокаут.

Стипе Миочиќ ја „преживеа“ лудата прва рунда, за потоа на доминантен начин да го совлада Френсис Нгану.

Како главно шоу на УФЦ220 во Бостон, Американецот со хрватско потекло на моменти беше послабиот противник од предизвикувачот Нгану, но по големата битка во првата рунда, Миочиќ доминираше против сè поуморниот противник за да победи со 50-44, 50-44, 50-44.

Миочиќ откако доби удар во телото од Нгану на почетокот на мечот, бргу го однесе предизвикувачот на подот, но тоа не траеше долго. Нгану беше поагресивниот борач во првата рунда, но и шампионот не беше за потценување.

По победата, Миочиќ откри дека мечот не бил најважен за него, бидејќи неодамна открил дека ќе стане татко.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=tNxjJRpgd18

https://youtu.be/Z3Cd0nMLR3Y

.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО