Минеев потежок 400 грама од Исмаилов (ВИДЕО)

Утре во Сочи, Владимир Минеев и Магомед Исмаилов ќе се соочат во рингот по втор пат. Реваншот меѓу руските ММА борци е за шампионскиот појас во средна категорија.

На официјалното мерење пред АМЦ Фајт најтс 105 шампионот на промоцијата во средна категорија – Минеев тежеше 84,4 килограми, додека предизвикувачот Исмаилов 84 кг.

Прв пат се бореа на крајот на 2018 година, но битката во Москва не даде победник, завршуви нерешено.

Реваншот на Минеев и Исмаилов е главниот настан на вечерта. Борбената карта на АМЦ Фајт најтс 105 нуди уште пет интересни битки. Средбите ќе се одржат утре во Сочи во ВОВ арената.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО