Волкановски ја анализира феноменалната одбрана од заклучувањата на Ортега

Александар Волкановски го сподели она што го доживеа за време на заклучувањето со гилотина од Брајан Ортега. Австралиецот со македонски корени за чудо излезе од стегањето, а потоа го совлада големиот ривал.

Ова беше уште една одбрана на титулата на УФЦ за еден од најпроверените ММА шампиони.

„Гилотината беше многу тесна, многу длабока“, ја започна својата анализа Волкановски.

„Се обидов да најдам повеќе простор околу вратот, ова е секогаш првото нешто што се прави со толку цврст стисок. Тој направи се како по учебник, движењето на нозете беше од светска класа. Се се случи многу брзо, позиционирањето беше совршено“.

„Вообичаено луѓето ми прават зафат, а кога ќе го заклучат, веќе се вртам за да можам веднаш да излезам. Тој не ми ја даде таа шанса. Буквално се држев на кратката коса, сфатив дека не можам да излезам од просторот и почнав да му ја туркам раката, можев само да ја ослободам.

Почнав да гледам различни бои, целосно го загубив протокот на кислород и очајно ја оттурнав раката во вистинскиот момент. Во тој момент, сфатив дека за неколку секунди ќе бидам надвор. Ја пуштив брадата, а тој сакаше да го смени стисокот. Морав само да излезам малку за да ги свртам работите. Знаев дека е 100 отсто истрошен, ме држеше со целото тело. Ја вложи целата сила и енергија на оваа гилотина, потоа стана мој“, додаде Алекс Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО