Милер му откажа на Пулев, сега Хју Фјури е на ред

Џарел Милер – Големото бебе (САД) стана вториот елитен боксер во тешка категорија кој одби да се бори со Кубрат Пулев – Кобра од Бугарија. Непобедениот Американец до вчера имаше рок да се изјасни дали ќе ја прифати понудата за борба со бугарскиот боксер во Софија на 1 септември.

„Се обидовме да го направиме мечот во САД или на неутрален терен, но, едноставно, не успеавме да дојдеме до договор. Џарел во последните средби покажа дека сака да се бори со најдобрите. Тоа отсекогаш ни била целта. Имаме и други можности. Пулев е многу добар боксер. размислуваме за мечот против него, но местото не ни се допадна“,- рече промоторот на Милер Дмитри Салита.

Следниот кандидат во рангирањето на Интернационалната боксерска федерација е Хју Фјури. Братучед на Тајсон Фјури има само еден пораз во кариерата и тоа во меч за светската титула против Џозеф Паркер. Ќе се закаже нова аукција за одржување на мечот, ако се согласат двете страни. Според Кубрат, оваа борба може да се одржи во октомври.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО