Уапсен е светскиот шампион Морис Хукер

Шампионот на Светската боксерска организација (ВБО) во суперлесна категорија Морис Хукер (САД) е уапсен од полицијата во Далас. Тој е фатен за возење на автомобилот во пијана состојба. Боксерот предизвикал несреќа во која се повредени двајца полицајци. Полицајците се згрижени во болница со полесни повреди.

Хукер е пуштен со кауција од 1.500 долари.

Во автомобилот е пронајден пиштол.

Пред еден месец Американецот ја освои светската титула и го детронизира Тери Фланаган. Во својата кариера Хукер има 24 победи (16 со нокаут) и 3 нерешени.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО