Ентони Џошуа се договори за средбите со Поветкин и Вајлдер

Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите Меѓународна боксерска федерација (ИБФ), Светска боксерска асоцијација (ВБА), Светска боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) Ентони Џошуа ги договори следните два меча во професионалниот ринг, објавија британските медиуми .

28-годишниот Англичанец прво ќе ја брани шампионската титула на ВБА против задолжителниот предизвикувач Александар Поветкин (Русија) на 22 септември на стадионот Вембли во Лондон.

На 13 април 2019 година е средбата со шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Дионтеј Вајлдер (САД), исто така на Вембли.

https://www.instagram.com/p/BlA_wQVjG1Q/?utm_source=ig_embed

Џошуа има 21 победа (20 со нокаут) во 21 меч во професионалната кариера.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО