Мики Рурк го нокаутираше Сејмур во втората рунда! (ВИДЕО)

Miki Rurk so nokaaut

Само две рунди му беа потребни на холивудската ѕвезда, Мики Рурк, за да го нокаутира противникот Елиот Сејмур, на мечот што се одржа вечерва.

По пауза од 20 години 62 годишниот актер одлучи да се врати на рингот, но демонстрираше одлична форма и буквално се распука на 29-годишниот ривал. Демонстративната средба се одржа во Москва пред преполните трибини на „Московската концертна сала“.

Рурк, со тешки удари, успеа Сејмур два пати да го испрати на подот, така што по второто паѓање неговиот конкурент не успеа да се подигне и судијата досуди победа на актерот. По натпреварот, Рурк се закани дека е подготвен да се соочи со актуелниот светски шампион Владимир Кличко. Засега филмската ѕвезда ќе мора да се задоволи со уште неколку демонстративни средби во Русија, кои веќе се испланирани .

 Во аматерскиот бокс Рурк имаше скор од 27-3 (17 КО) во текот на 1960-тите и 70-тите години, како и 6-0-2, според струшната евиденција во почетокот на 90-тите години. Нивната борба беше пред главната на вечерта меѓу Руслан Проводников и Хозе Луис Кастилјо.

Руските навивачи целосно го поддржува човекот кој глуми во филмови како „Sin City“, „Get Carter“ и „Борачот“, Рурк отвори патот за неограничен број на тупаници, како во бес, да се слеаат на Сејмур, при што се покажа како многу чувствителен фајтер. Тоа беше премногу за Сејмур да може се справи со реалноста.

http://youtu.be/QyfGGxFXRCk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО