Мики Ивановски: Во Пула си ја вратив самодвербата и сум во старата форма! Зошто да не и ММА!

Изминатиов викенд во Пула се одржа ММА и кик бокс настан Гладијатор фајт најт 2 (ГФН) на кој во мечот на вечертаво К-1 до 85 килограми Мики Ивановски го порази домашниот борец Тони Микелиќ со прекин во втората рунда поради исеченица на главата.

Со настапот во Пула како да трасираш нов пат во кариерата. Дали ова значи дека се почество ќе тре гледаме на професионалниот кик бокс ринг?

-Со борбата во Пула си ја вратив старата самодоверба, односно дека повторно сум во форма како што бев порано, пред да направам подолга пауза по Светското првенство во ноември минатата година. Тогаш имав тешка борба, потоа профи меч во Косово, така што тие борби ми дојдоа како предтестови за овој меч. Борбата во Пула беше интересна, бидејќи од овде тргнав со настинка и претходно примав инјекции, а имав и покачена температура. Но, желбата и мислата за победа надминаа се. Мојот противник Тони е од Пула и салата беше преполна да го гледа својот сограѓанин. Од него очекуваат да доминира. Така беа настроени и судиите. Од видеото може да се забележи како без врска ми даваат опомени. Но, од самиот старт го поведов орото во мој стил и во втората рунда врзав добра серија од крошиња па му го расцепив челото.

Како гледаш на борбата во Пула откако стивнаа страстите?

-Од организаторите добив пофални зборови за добрата борба. Секако и отворена покана за наредното шоу кое ќе го организираат.

Дали можебисе подготвуваш и за ММА кариера?

-За ММА треба да усовршам неколку техники од борење и БЏЏ, па дури тогаш би отишол. Зошто да не!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON