Риксон Грејси: Ако многу брзо не преземеме нешто џиу џицата ќе го изгуби својот боречки идентитет

Риксон Грејси минатата година беше промовиран во црвен појас.

Во бразилското џиу џицу црвениот појас е резервиран за оние чие влијание и слава го достигнале врвот.

59-годишниот Бразилец доби изненадување на церемонија за време на неговиот семинар во Лас Вегас. Со неговите браќа Рорион и Ројлер, како и Жак Мачадо, на промоцијата присуствуваше и поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Фабрицио Вердум.

Рорион објасни дека појасот е доделен заради животното патување на Риксон во боречките вештини. Риксон црн појас станал 1977 година на 18 години.

Со 40-годишно искуство зад себе, членот на „Кралското семејство на ММА“ свесен е што почнало да се случува со неговата изворна вештина. Грејси предупредува дека во БЏЏ мора да останат стандардите, за не му се случи исто како и со каратето, чиј систем на доделување на појаси одамна е компромитиран, така што учениците од основно во некои сали лесно може да стане носители на црн појас. Во англискиот јазик постои дури и израз за таквите сали – МекДоџо.

Риксон е свесен дека поратсот на популарноста која бразилската џиу џица ја ужива во последните дваесет години за себе влече и некои негативности. Ја повикува БЏЏ заедницата на доселдност при  полагањето за појаси и да не ја заборават суштината на овој спорт.

„Пред многу време, кога првпат пристигнавме во САД ги учевме џиу џицу црните појаси во каратето. Тие се во тоа време мислеле дека знаат сè. Кога се соочија со вистинската џиу џица рекоа дека ги потроши последните 20 години практикувајќи карате и дека сега сконтале што е вистинската работа. Денес, кога ќе отидам на БЏЏ семинари го добивам истиот впечаток од други црни појаси во џиу џицу. „Леле, никогаш не помислив дека нешто такво постои во џиу џицата“ е нивната реакција. Ако брзо не преземеме нешто во врска со ова, џиу џицата ќе го изгуби својот боречки идентитет“.

„Ќе го изгубиме нашиот идентитет и култура, затоа што нашата култура се справува со непријатни ситуации на улица и се разбира да се натпреваруваме. Но, нашиот приоритет не е натпреварувањето, туку сигурноста во реалниот живот и способноста да се носиме со којабило непредвидлива ситуација“.

„Неприфатливо е некој да е црн појас, а да не знае самоодбрана“.

„Да не научи самоодбрана или таа да не е основа на она што подучува. Жените кои ќе дојдат на еден час нема да ги учат за натпреварување, ќе ги учам на самоодбрана. Ако имам дете, старец, најсилниот ММА борец ќе го учам на самоодбрана во смисла најдобро да ги користи неговите способности. Самоодбрана е суштината на нашата култура и верувам дека без неа никој не може да биде силен црн појас ниту добар учител“.

https://youtu.be/hM9GewXzgd0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО