Санчез: Головкин не е под притисок дека мора да го нокаутира Канело

Тренерот Генадиј Головкин, Абел Санчез, вели дека ГГГ ​​не и под притисок дека мора во реваншот да го нокаутира Канело.

Првата борба во септември минатата година заврши нерешено со поделена одлука на судиите – 118-110 за Канело, 115-113 за Головкин и 114-114.

Судијката кој на Мексиканецот му даде победа 118-110 беше жестоко критикувана, а со тоа се согласи и промоторот на Канело Оскар де ла Хоја.

Повторниот меч е закажан за 5 мај. Местото се уште не е потврдено, но најверојатно ќе се одржи во Т-Мобиле арена каде што се одржа и првата битка.

И покрај приказни од страна на Канело дека во реваншот оди на нокаут, Санчез не верува дека реваншот ќе биде поинаков од првата борба. Смета дека Головкин добил најмалку барем осум рунди во првата средба и сака на ист начин да го одработи и вториот меч.

„Не, нема притисок да го нокаутира Канело. Мислам дека и двајцата се толку искусни и нема да без потреба да ризикуваат, ќе го направат она што мислат дека е неопходно да се победи. Ние што сме надвор од рингот гледаме поинаку отколку тие што се во рингот. Ние ќе ги колнеме да го направат она што го сакаме ние, но на крајот тие се оние кои се во рингот и кои ризикуваат. Доволно се искусни да знаат каде се наоѓаат“.

„Нема да видите драматична промена во споредба со првата борба ниту кај еден од нив. Канело во минатото малку го менуваше својот начин на борба, го промени драматично за оваа борба и изгуби. Головкин никогаш не бил Проводников или Брендон Риос кои непромислено одат напред, а тоа не е Канело. Така што мислам дека нема да видиме нешто различно во реваншот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО