Михаела Мишовска седма на СП во карате, најдобар пласман од нашите каратисти

Михаела Мишовска во репасажот на Светското карате првенство за кадети јуниори и У-21 во Коња, Турција, е поразена од Словенката Ела Петан 0-8. Сепак, Мишовска го оставри најдобриот пласман на македонските каратисти во двата натпреварувачки денови на СП, таа е седмопласирана.

Претходно Љупче Михајловски го имаше најдобриот резултат кој се пласира на деветото место.

На СП настапуваат 1859 каратисти од 105 држави.

Резултати СП:

Кадети
Борби
-47 кг
Катја Апостоловска – Супичаја Тигванг (Тајланд) 0-1
-54 кг
Драгана Ефтимовска – Александра Зуемерова (Словачка) 0-5

Јуниори
Борби жени
-48 кг
Сара Дука – Ханаки Ота (Јапонија) 3-0
Сара Дука – Хелена Бацковиќ (Црна Гора) 0-7

-53 кг
Михаела Мишовска – Сара Липерт (Данска) 0-3
Михаела Мишовска – Ангела Ивановиќ (Србија) 3-2
Михаела Мишовска – Нејма Имитик (Мароко) 0-5
Репасаж
Михаела Мишовска – Ела Петан (Словенија) 0-8

-59 кг
Јована Мицовска – Џенифер Боладо (Аргентина) 1-0
Јована Мицовска – Химека Дои (Јапонија) 3-3

+59 кг
Мила Панчева – Дестини Џенингс (САД) 0-3

Мажи
-55 кг
Недим Шаќири – Јасин Хасен (Египет) 1-3

-61 кг
Матеј Белистојаноски – Матис Шевалиер (Франција) 8-0
Матеј Белистојаноски – Заид Саласи (Мароко) 3-5

-68 кг
Љупче Михајлов – Томас Мартинез (Венецуела) 4-0
Љупче Михајлов – Евангелос Акде (САД) 1-0
Љупче Михајлов – Али Мугари (Саудиска Арабија) 1-2
Репасаж
Љупче Михајлов – Рашид Сулејманов (Азербејџан) 0-1

-76 кг
Андреј Ангеловски – Адријан Хајнрих (Германија) 1-0
Андреј Ангеловски – Кемал Незириќ (БиХ) 0-0

+76 кг
Данило Божовиќ – Жоакин Санчез (Венецуела) 2-1
Данило Божовиќ – Омар Халиловиќ (БиХ) 1-5

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО