Мејведер заработи „лесна пара“ – обложувајќи се на победа на Бивол против Канело

Флојд Мејведер уште еднаш го потврди дека ставил 10.000 долари на победа на Дмитри Бивол над Канело Алварез, фалејќи се дека се работело за „лесна пара“.

31-годишниот Канело беше апсолутен фаворит кај букмејкерите пред мечот во полутешка категорија, но во Лас Вегас беше добро натепан и загуби на поени, за само втор пораз во 61 меч во кариерата.

Мејведер вложил 10.000 долари на Бивол пред мечот, на кои заработи 42.500 долари од облогот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО