Ракиќ наскоро ќе се врати во октагонот. Погледнете го неговиот одличен нокаут против Манува (ВИДЕО)

Последната борба Александар Ракиќ ја имаше на 6 март минатата година во Лас Вегас кога со едногласна одлука на судиите го победи Тијаго Сантос.

Српскиот борец со австриски пасош следниот викенд повторно ќе влезе во октогенот, а за противник го има поранешниот шампион во полутешка категорија, Полјакот Јан Блахович.

Нивниот судир требаше да се случи на 26 март, но беше одложен откако Полјакот се повреди на тренинг.

Победникот од нивниот меч најверојатно ќе биде следниот предизвикувач во борбата за титулата.

Бразилецот Гловер Тешеира првпат ќе го брани шампионскиот појас против Чехот Јиржи Прохаска на настанот УФЦ 275 на 11 јуни.

Ракиќ го имаше своето деби во УФЦ во септември 2017 година со победата против Франсимир Баросо, а потоа ги совлада Џастин Ледет, Девин Кларк и Џими Манува.

Александар го нокаутира Манува со „хај кик“ во 42-та секунда на настанот УФЦ Фајт најт одржан во Стокхолм.

Во видеото погледнете го одличниот нокаут на Ракиќ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО