Металург укажува дека работите во КФМ не се розови!

Metalurg na Drzavno 22.11.2015

Карате клубот Металург упати барање рзгледување одредени прашања од работата на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) до Собранието, претседателот Драган Стојановски, членовите на Извршнииот одборо и карате клубовите на КФМ.

Logoportokal-bel metalurg

Барањето на Металург е предизвикано од доставениот Годишен извештај за работата на КФМ за 2016 година, поради тоа што за разгледување на редовното Собрание на одредени прашања од работата на КФМ во 2016 година кои не се или недоволно се спомнати и разгледувани во истиот.

Во барањето се наведува: Прашањето за транспарентноста во работата на КФМ и во тој контекст известувањето до клубовите за донесените одлуки и заклучоци треба да се разгледа, бидејќи очигледно тоа не функционира на задоволително ниво, односно тие воопшто не се доставуваат до клубовите или се доставуваат со огромно задоцнување, а се однесуваат и ги засегаат токму нив.

Потоа се истакнува за парадоксот да биде поголем претходно имало најбрзо можно доставување на сите одлуки и заклучоци донесени од страна на КФМ. На еден од состаноците од Стручниот совет било укажано за ова, што било прифатено и од страна на претседателот, меѓутоа ништо не се сменило.

„Од извештајот сега гледаме дека ИО на КФМ има одржано 11 состаноци во 2016 година. Меѓутоа, известување до клубовите за тоа кога се одржани, кои заклучоци и одлуки се донесени нема или доцнат, така што доколку има и забелешки од нивна страна, тие не се во можност да реагираат“, истакнуваат од Металург.

Од најтрофејниот клуб наведуваат дека во одредени случаи не се одговара на писма и барања од клубовите, правилниците не се ажурираат по направените измени и дека веб-страната на КФМ не се одржува.

Во понатамошниот тек во барњето се наведува дека во Годишниот извештај недостасува извештајот на Регистрационата комисија и најважното, јасна слика и податоци колкава е базата, односно колку има регистрирано натпреварувачи во КФМ, колку од нив се регистрирани по градови и места, колку натпреварувачи се регистрирани од страна на секој клуб и кои се пререгистрирани во двата преодни рока.

„Со оглед на тоа што од 2016 година карате спортот влезе во семејството олимписки спортови, сега имаме уште поголема обврска и одговорност и треба да имаме јасна визија и конкретна програма за развој на карате спортот во иднина во Република Македонија. Многу градови немаат карате клубови или не се вклучени во КФМ и нејзиниот систем на натпревари, Битола, Струмица, Делчево, Виница, Гевгелија и други и треба нешто да се преземе околу тоа“, констатираат од скопскиот клуб од Автокоманда и притоа предлагаат извештајот во писмена форма да го изработи Регистрационата комисија и да биде доставен во клубовите.

Од друга страна, се укажува и на системот на прогласување на најдобри натпреварувачи и тренери во КФМ, однонсо и на Република Македонија, дека е неодржлив. Затоа треба итно да се преземе нешто, бидејќи досегашната пракса на избирање за едни да се најдобри во КФМ, а подоцна други да се предлагаат за избор на најдобри спортисти во Македонија, иако предлагачот и за едните и за другите е КФМ.

„Односно, излегува дека или сами се лажеме или цела Македонија ја лажеме. Распределбата на средствата за постигнатите врвни резултати меѓу стручните лица не соодведствува со реалноста и ги прекршува актите што се донесени од страна на КФМ“, потенцираат од Металург.

„Рангирањето на спортистите за стипендијата „Спортска надеж“ се прави спрема постоечките акти на КФМ во кои има пропуст со кои одредени натпреварувачи се ставаат во подредена улога, односно се дискриминирани во однос на други  и не им се признава постигнатиот резултат само заради тоа што бројот на натпреварувачи во соодветната категорија е помал од 4(четири)“.

Ова е поткрепено со став од „Критериумите за рангирање клубови, тренери и натпреварувачи“.1.5. Постигнатите резултати на државните првенства и во лига натпреварите не се земаат во предвид при рангирањето доколку во соодветната категорија учествувале помалку од 4 екипи, односно натпреварувачи

Потаму се наведува дека по добиениот предлог за корисниците на стипендија „Спортска надеж“ за нареден период од една година од страна на КФМ се обратиле со допис до претседателот и ИО на КФМ од 14.07.2016 и побарале измена на овој став од „Критериумите за рангирање клубови, тренери и натпреварувачи“.

Ќе наведеме дел од одговоро што го добивме:

„Извршниот одбор на КФМ при носење на Правилникот на предлог на Стручниот совет и Натпреварувачката комисија, одредбата за кој се бара бришење ја предвиде од причини што имаше натпреварувачки категории со еден две или три натпрверувачи/ки и резултатите на постигнати победи на Државно првенство не се со таква тежина како во категории каде има повеќе натпреварувачи во конкретниот случај, како што е во Правилникот најмалку 4 натпреварувачи.

На ова од Металург велат: „Тука само би додале дека тврдењето во одговорот не е точно, постигнатиот резултат освојување прво место со 2(две) победи во категорија со 3(три) натпреварувачи може да биде постигнат исто со 2(две) победи и со категории со 4, 5, 6 и 7 натпреварувачи. Значи, освојување на прво место со 2(две) победи има иста тежина без разлика дали е постигнато во категории со 3, 4, 5, 6, или 7 натпреварувачи, само заради наведениот став од критериумите натпреварувачите во категоријата со 3 учесници нема да им бидат признаени бодови при рангирање, а на натпреварувачите во карегории со 4, 5, 6 и 7 ќе им бидат признаени, со што се отвора можност послаби натпреварувачи да добијат стипендија на сметка на подобрите, што КФМ не треба да го дозволи. Сметаме дека ова е доволно да се покрене постапка за измена на Критериумите во посочениот дел односно да се укине истиот“.

Во  продолжение на барањето, а врз основа на најновите измени во законските решенија, бидејќу од 1 јануари стапија на сила измените и дополнувањата во Законот за спорт и Законот за данокот на добивка, кои беа донесени на последната собраниска седница во октомври, со кои се дава можност на секоја компанија да финансира во спортските федерации, Македонскиот олимписки комитет, спортските клубови и индивидуални спортисти, за што ќе добие ослободување од данокот на добивка. Ова значи повеќе средства за инвестиции и развивање на спортот во државата.

На обврзникот кој донирал финансиски средства на фудбалски клубови кои се уплатени на посебна наменска сметка, му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација…

Доколку инвестира во други спортски клубови во спортови во кои има организирана лига, на компанијата ќе и се намали пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до 35% од пресметаниот данок.

Во спортовите во кои нема организирана лига, ќе може да се поддржат спортски клубови, за кои на обврзникот му се намалува пресметаниот данок за износот на дадената донација, но најмногу до 5% од пресметаниот данок“, посочуваат од Металург, посочувајќи дека за да го користат ова право клубовите ќе мора да имаат регистрирана и активна младинска школа, што ќе значи дополнителен поттик на ваквиот тип на школи да се развиваат и поддржат.

Или, се овозможува финансирање во спортовите кои имаат организирано лига со инвестирање и ослободување данок од 35%, а ако немаат организирано лига до 5% ослободување данок.

„Затоа е потребно КФМ во најкраток рок да преземе мерки за организирање лига натпревари во машка и женска конкуренција, како би можеле и карате клубовите да го користат ова 7 пати поголемо повластување при финансирањето“, предлагаат од Металург на чело со претседателот на клубот, Снежана Сиљановска.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО