Металург со две екипи на Европското првенство за регионите во Приштина

 

Идниот викенд на 3 и 4 јуни во Приштина – Косово, се одржва Европското првенство за региони во сениорска и кадетско-јуниорска конкуренција. Македонија ќе ја преставуваат победничките тимови на Државните првенства, а тоа е екипата на Металург и во сениориска и во кадетско-јуниорска во машка конкуренција.

Тренерот на Металург, Мирче Јанушевски, вели дека е штетата да не се учествуваше на ЕП кое ни е толку блиску.

„Одиме на првенството повеќе да се натпреваруваме и да и дадеме шанса на младите каратисти кои се иднината на клубот и репрезентацијата. Може да се надеваме и на значаен успех, иако никогаш  не може да бидеш сигурен. Сепак, тоа е неизвесноста и убавината на спортот“, изјави Јанушевски.

Во сениорска конкуренција за Металург ќе настапат: Петар Спасеновски, Азиз Исмаил, Виктор Крстевски, Мартин Несторовски, Давид Петков, Семир и Емир Ќосовиќ; во кадетска Давид Саревки, Иво Мишачковски и Един Омерагиќ, а Филип Несторовски, Роберто Ацковски, Глигор Петков, Усамед Вајрами во јуниорска конкуренција. Кадетско-јуниорската екипа настапува по системот 3+2, односно 3 јуниори + 2 кадети.

Досега Македонија има освоено две бронзи. Сениорската е во Мадрид 2009 година претставувана од каратистите на Металург, а кадџетско-јуниосрката е од Анкара 2011 година од заеднички тим на Металург и Макпетрол.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО