Поветкин се враќа во боксот на средбата со Андреј Руденко

Руската боксерска ѕвезда во тешка категорија, Александар Поветкин, ќе се врати во рингот против Андреј Руденко (Украина).

Средбата ќе биде главниот настан на галавечерта во Москва, која ќе се одржи на 1 јули. Последниот меч на олимпискиот шампион од Атина беше во декември. Тогаш го нокаутира резервистот Жоан Дјуопа.

Се уште не е јасно како ќе реагираат меѓународните професионални боксерски организации на враќањето на Поветкин. Тој беше тргнат од ранглистите поради двата случаи на позитивен допинг тест. Русинот има 31 победа (23 со нокаут) и само еден пораз – од Владимир Кличко.

https://youtu.be/zkNEQkgca1c

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО