Металург со најмногу репрезенативци за Европското првенство

KK Metalurg

Каратистите и каратистките во кадетска и јуниорска конкуренција во Скопје се бореа да обезбедат место во националниот тим за Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година што од 6 до 8 февруари, идната година, ќе се одржи во Цирих, Швајцарија. Ова е монеталната ситуација, бидејќи последниот филтер ќе биде направен на Балканското првенство идниот месец.

Натпреварувачите на Металург беа најуспешни пред Макпетрол, Ронин и Олимпик.

makpetrol kk

Ќе спомнеме само дел од оние што обезбедија место во репрезентацијата, а другите ќе може да ги видите во во целосниот преглед на резултатите. Резултатите се речиси идентични со оние од Државното првенство што се одржа минатата недела во Скопје.

Ronin

Во јуниори 21 победници се: Марија Матракоска-Ронин и Васил Бешлиев-Фунакоши Гичин во кати; Сара Радичевска (50 кг)-Макпетрол, Марија Матракоска (55 кг) –Ронин, Симона Заборска (61 кг)-Макпетрол, Ивана Атанасова (68 кг)-Тигар и Драгана Тодорова (+68 кг) Металург во борби; Мартин Стојменов (60 кг)-Партизан-Кочани, Ирфан Маисини (67 кг)-Башкими 2002, Азис Исмаили (75 кг)-Металург, Емир Косовиќ (84 кг)-Металург; Маријана Димоска-Ронин и Фери Исиќ-Вардар во кати јуниори итн.

Ace Kuzamnovski

Металург е најуспешен клуб со 10 први и 6 втори места, потоа следи Макпетрол (5-3-3). па Ронин (5-2-4), Олимпик (3-3-1) и Спорт 94 (3-1-0).

Veronika Kostovska

Резултати од Изборното првенство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО