Металург и Макпетрол настапуваат на Европското првенство за региони во Париз!

Metalurg na aerodrom za EP regioni

Екипите на Металург и Макпетрол утрово отпатуваа за Париз на Европското карате првенство за региони, кое ќе се одржи овој викенд.

КК Металург на Европското првенство на регионите отпатува ослабен, бидејќи носителот на бронзениот медал од сениорското Европско првенство во Истанбул, Мартин Несторовски, се подготвува за Европските игри во Баку, а Иво Цветковски и Ферат Корболучи се повредени. Но, како засилување се земени Симон Антиќ и Петар Заборски од Макпетрол. Капитен на екипата ќе биде Огнен Груевски, а покрај него во екипата ќе бидат Виктор Крстевски, Адил Мехмет и Петар Спасеновски.

Makpetrol zeni tim

Додека Макпетрол како засилување ја зема евопската кадетска шампионка Вероника Костовска, која со Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска, Ева Блажевска и Емилија Чешмаџиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО