Металург и Фунакоши Гичин доминираа на „Никола Грдановски-Нике“

На традиционалниот меѓународен карате турнир „ НиколаГрадановски-Нике“, во организација на КК „Металург“, учество заедоа 400 натпеварувачи од Србија, Косово и Македонија.

P1250204

Најмногу медали освоија каратистите на Металург (10 златни, 7 сребрени и 6 бронзени), потоа следат Фунакоши Гичин од Скопје (8-3-3) и Олимпик спорт 2007 од Скопје (4-2-3). Овие резултати се остварени во 4 возрасни категории: пионери, кадети, младинци и сениори, по тежински категории. Разликата во медали меѓу првата и втората екипа е направена поради поголемиот број на натпреварувачи (Металург 30-тина, Фунакоши Гичин 13).

P1250227

Кај сениорите во категоријата до 75 килограми најдобар беше Азиз Исмаил (Металург), пред Енес Смаилагиќ (Цветан Димов) и Филип Дуршиновски (Металург); – 84 кг Орхан Биљали (Макпетрол), Виктор Крстевски (Металург) и Семир Ќосовиќ (Металург) и над 84 кг Горан Иванов (Македонка) и Семир Ќосовиќ (Металург). Како што може да се забележи, најмалку натпреварувачи имаше во сениорските категории, а беше видливо отсуството на репрезентативците што се подготвуваат за Светското првенство во Бремен, Германија.

За најуспешен натпреварувач од кадети до сениори е прогласена Марија Василева од КК Ботони-Скопје, а за најуспешен натпреварувач во категоријата деца беше прогласен Михаил Спасовски од КК Макпетрол.

Резултатите од турнирот погледнете ги на овој ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО