Мет Хјуџис ќе се сретне со Ренцо Грејси на ADCC!

Met Hjuxis

Вчера беа соопштени датумот и местото за светското во граплинг на ADCC .

 Настанот ќе се одржи во Сао Паоло, Бразил на 29 и 30 август. На истото место се одржа и ADCC 2003. Тоа беше прв пат, турнирот да го направи својот најголем настан надвор Обединетите Арапски Емирати од нејзиното основање во 1998 година.

 Организаторите на турнирот истакнаа и дека на настанот ќе има супердвобои меѓу Андре Галвао и Роберто Киборг, кој во моментов апсолутен шампион. Покрај нив на татамито ќе излезат и Ренцо Грејси и Мет Хјуџис, како и Зе Марио Спери и Рикарди Либорио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО