Мерење Пинк Пантер – Сесвете: Грбев се надева на добри борби, Шољиќ на победа (ФОТО)

Мерењето на боксерите за вечерашната средба на Пинк Пантер и Сесвете во рамките на третото коло на Регионалната боксерска лига помина во најдобар ред. Така, вечерва во „Јордан Мијалков“ со почеток во 19 часот се очекуваат квалитетни борби.

Тренерот на БК Сесвете, Томислав Шољиќ, вели дека очекува победа и во третата средба против Пинк Пантер.

Затоа што знае за екипата на Пинк Пантер Шољиќ:

„Не размислуваме за противникот, ние сме посветени на нас како подобро да избоксираме и да победиме“.

Тренерот  на Пинк Пантер, Ристе Грбев, очекува фер и коректни борби,  добро залагање и се надева дека достојно ќе му конкурираат на силниот протовник.

На мерењето нашиот претставник немаше боксер во категоријата над 91 килограм.

„Немаме претставник во +91 кг, затоа што нашиот боксер имаше повреда на раката. Се надеваме дека во наредните средби ќе ја санира повредата и ќе настапува“, истакна Грбев.

Пинк Пантер Сесвете:

56 кг Александар Ристовски – Игор Петрут

60 кг Јасин Мифтар – Стипан Пртењача

64 Денис Муаремовски – Мартин Гулан

69 кг Дејан Ристевски – Марко Зељко

75 кг Гоце Јанески – Дино Мартиновиќ

81 кг Илче Јоноски – Лука Плантиќ

91 кг Марко Доциќ – Лука Пратљачиќ

+91 кг –Бранимир Ловрен

 

Во третото коло се среќаваат:

Пинк Пантер – Сесвете

Лазаревац – Лозница

Војводина/Спартак – Радник

Славија е слободна

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО