Чисора му се закани на Вајлдер

Дерек Чисора (Англија) му упати сериозен предизвик на шампионот на Светскиот боксерски совет во тешка категорија Дионтеј Вајлдер (САД).

Британецот ќе се обиде да си обезбеди нов меч за светската титула, иако загуби последните два натпревари. Може да покаже дека е достоен кандидат, ако победи во следниот натпревар Роберт Хелениус.

„Работам во насока за меч со Вајлдер. Сакам со него да се борам во Вегас. Овој натпревар ќе биде класика. Сето тоа зависи од неговите луѓе. Што се однесува за наредниот мојот дуел, се радувам дека ќе се борам со Хелениус. Слушнав дека неодамна правел спаринг со Кличко, но тоа тешко ќе му помогне“, рече Чисора.

https://youtu.be/Vr9R_OLpzoE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО