УФЦ ги спротивставува Тревис Браун и Алксеј Олејник

Можеби уште еден дуел од тешка категорија ќе биде закажан за УФЦ 213, кој ќе се одржи на 8 јули.

Според различни извори, УФЦ се обидува да направи меч меѓу Тревис Барун и Алексеј Олејник.

Браун е во непријатна серија од три порази, а последниот пат беше нокаутиран од Дерик Луис. Пред тоа загуби од Каин Веласкез и Фабрицио Вердум. Нема победа од јануари 2016 година.

Во меѓувреме Олејник ги доби 12 од последните 13 средби. Рускиот ветеран во последната борба во јануари го совлада Виктор Песта со импресивен езекил сабмишн. Овој зафат влезе во историјата на УФЦ, бидејќи за прв пат го примени еден борец.

Едно од најважните настани на фајт картата на УФЦ 213 и е средбата меѓу Фабрицио Вердум и Алистер Оверем.

Допрва треба да биде објавено главниот борба на вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО