Кличко смета дека го направил најдобриот камп до овој момент

 

Владимир Кличко смета дека ги направил потребните подобрувања за да се справи со Ентони Џошуа на 29 април на Вембли.

Украинецот, иако веќе е 41-годишен, ќе се обиде да ја врати светската круна, загубена против Тајсон Фјури во 2015.

Во моментов Влад напорно тренира во Австрија, а смета дека никогаш досега немал подобар и успешен тренинг камп.

„Дури и во оваа фаза од мојата кариера, успеав да подобрам многу работи“, истакна Кличко и додаде: „Сè станува подобро и повозбудливо“.

„Среќен сум што ми претстои тоа и се чувствувам многу среќен. Одамна работам на тоа, а за се има причина. Среќен сум што ЕЏ ми е противник, бидејќи ЕЏ има потреба од мене, и јас имам потреба од ЕЏ, за да може овој настан да стане факт“.

„Едноставно, сакам да го добијам следниот меч, за да си докажам дека се уште го можам тоа. Знам дека можам да се справам“.

„Ова е мојата страст. Опседнат сум. Сакам да покажам дека се уште не сум за отпишување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО