Менаџерот на Конор му порача на Нејт Дијаз: Доколку сакаш трета борба со Мек Грегор, бори се против Фергусон и победи го!

Менаџерот на Конор Мек Грегор, Ауди Атар, гостуваше во ММА Час кај Ариел Хелвани, каде што особено интересно беше да се чуе мислењето за потенцијалната трета борбана неговиот клиент и Нејт Дијаз.

Сега Нејт е всушност голем проблем на УФЦ, бидејќи ги одбива сите борби, веројатно со надеж дека првата можност ќе добие повик за трета борба против Конор Мек Грегор, овој пат за титулата во лесна категорија. Таквото размислување не треба да не чуди, бидејќи знаеме колку заработуваше Дијаз пред двата меча со Мек Грегор, а колку заработи во тие борби. Атар рече нешто околу тоа, што дава заклучок дека тимот на Конор е заинтересиран за таа борба, но не и со сегашната состојба на работите.

„Борба против Нејт Дијаз го интересира Конор. Но доколку тој сака да Конор навистина да биде загреан за таа борба, му преостанува што побрзо да настапи, односно да се бори во блиска иднина. Ако се случи мечот против Флојд, Конор мора да биде навистина возбуден за да се врати и да се бори против тебе. Нејт би бил луд да ја одбие борбата со Тони за привремената титулата“, објасни Атар што треба да направи Нејт Дијаз за да дојде до таа борба.

Дана Вајт изјави дека на Дијаз досега му се понудени некои борба, но дека сите ги одбил. Сепак, борбата против Фергусон се уште не е споменувана како опција, иако тоа би била многу интересна борба за фановите. На тој начин Дијаз би можел да го обезбеди третиот меч против Мек Грегор. Сепак, се чини дека Дијаз верува оти таа борба му е зицер и доколку ја чека. Се чека мислењето на УФЦ по тоа прашање

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО