Меморијален турнир „Јордан Мијалков“ во Штип

jodan mijalov pllaikat

Штип ќе биде домаќин на првиот Меморијален турнир „Јодан Мијалков“, што ќе се одржи на 15 ноември. Ова е турнир на ниво на репрезентации.

Претседателот на БК Пинк пантер тим, Илија Младеновски, вели дека досега, покрај нашата репрезентација, учеството го потврдиле репрезентациите на Албанија, Совенија, Србија и Косово. Овој клуб е организатор на тунирот.

За нашата репезентација ќе настапат: Ристевски, Лескаровски, Јоновски, Коцев, Н. Арсов, А. Арсов, Демиров, Османов. Поради повреда на „Зланиот гонг“ нема да настапи Димитар Ташков. Меѓу гостите ќе бидат нашите асови Аце Русевски, Вели Мумин, Примислав Димовски, Мирослав Петровиќ и други.

Идејата е за 2-3 години турнирот да влезе во календарот на АИБА.

Тунирот се прави во чест на штипјанецот Јордан Мијалков, како боксер и боксерски работник, бидејќи тој бил на Управниот одбор на Боксерскиот сојуз на Југославија.

Борбите ќе почнат во 17 часот во салата „Јордан Мијалков“.

ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО