Мек Грегор уверува дека ќе најде начин да се бори и за време на кронавирусот

Конор Мек Грегор изјави дека е во добра форма да се избори во можен меч против Тони Фергусон.

„Во одлична форма сум да се борам. Кога почна се, реков дека се радувам што немам официјална борба. Инаку, ќе требаше да живеам со лавина од постојани информации и да се подготвам во ситуација на неизвесност. Но би ги пребродил сите бариери. И би победил во дуелот“, напиша Мек Грегор на Твитер.

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов изјави дека не може да лета во САД за да се бори против Американецот Тони Фергусон (25-3). Битката беше закажана за 18 април во УФЦ 249.

Според Хабиб, организацијата му кажала дека турнирот ќе биде 99 отсто во Абу Даби, по што на 20 март тој го напуштил тренинг-кампот во САД и заминал за Обединетите Арапски Емирати. Но, тој не бил дозволен во земјата, бидејќи на 19 март влезот за странци беше забранет во ОАЕ. Тогаш Нурмагомедов одлетал за Махачкала, каде што е сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО