Мек Грегор треба да избере: ММА или бокс меч

Конор Мек Грегор ја очекува казната за инцидентот по мечот со Хабиб Нурмагомедов, но во меѓувреме се зборува неговиот противник во лесна, а тоа би можело да биде Доналд Кероне – Каубојот.

Од друга страна, бокс промоторот Еди Херн вели дека Мек Грегор би можел повторно да се бори и во боксерски меч и тоа против Поли Малинјаџи кој му беше спаринг партнер на Ирецот и со  кого станаа големи непријатели откако беше објавена снимка на која Конор го нокаутира.

„Му реков на Поли дека би сакал да имаме таква борба. Би земале многу пари, а исто им порачав и на момците кои се грижат за кариерата на Мек Грегор“,изјави Еди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО