Џошуа е заинтересиран за меч со Усик

Промоторот на светскиот првак во тешка категорија Ентони Џошуа, Еди Херн, вели дека неговиот пулен е заинтерсиран за борба со неоспорниот светски шампион во  лесно-тешка категорија Александар Усик кој со нокаут во осмата рунда го совлада Тони Белју во Манчестер и ги одбрани четирите појаси.

По борбата, Белју изјави Усик е најдобриот боксер со кој се соочил, па сега се почести се гласините за тоа дека Украинецот наскоро ќе се пресели во тешка категорија. Можеби наредната година ќе добие и шанса да боксира против актуелниот шампион, Ентони Џошуа.

„Џошуа го поврзуваат со Усик. Мислам дека Украинецот посакува да се бори против боксер каков што е Џошуа. Тој е човек кој сака да ги одмери силите против секого. Предизвикот на Усик е силата на Џошуа. Единствено Ивандер Холифилд покажа како се боксира против боксер посилен од себе, но тоа тој го направи со силата во рацете, што е тешко да се постигне со самата вештина. Доколку дојде до овој меч, тоа би бил огромен спектакл. Интересно е тоа што по изјавите на Александар можеме да забележиме дека е свесен за предизвикот кој го очекува. Тој не се шегува. Но, исто така ќе мора интензивно да се подготви за премин во тешка категорија. Ќе мора да одработи минимум два натпревари во оваа категорија за да биде подготвен да боксира против Џошуа. За евентуелен дуел, сигурен сум дека Џошуа со две раце ќе прифати“, изјави британскиот боксерски промотор, Еди Херн, кој е промотор и на Усик.

Александар Усик во кариерата има 16 победи во исто толку натпревари, од кои 12 ги доби со нокаут.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО