Кумите репрезентацијата имаше прием кај директорот на АМС за 7-то место на Светското првенство

Карате репрезентацијата на Македонија која во екипно борби беше седма на Светското првенство во Мадрид-Шпанија, денеска имаше прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Каевски го поздрави успехот на машкиот тим во борби кој го освои 7. место што е најголем успех во екипна конкуренција во историјата на македонското карате.

Македонија на СП остана без медал, а во поединечна конкуренција, Берат Јакупи стигна до четвртфиналето, исто какоа и Азис Исмаил, со тоа што Јакупи имаше три победи, а Исмаил две. Европскиот шампион Емил Павлов натпреварувањето го заврши уште во првото елиминациско коло.

На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот.

Светското првенство беше најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.

Резултати:
Екипно борби – мажи
Македонија – Израел 3-0 
Македонија – Бразил 3-0
Македонија – Турција 1-3
Македонија – Јапонија 0-3

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО