Џо Роган верува оти Тони Фергусон е следниот противник на Хабиб Нурмагомедов

Џо Роган верува дека има само еден борец во лесна категорија кој ја заслужува следната шанса за титулата против шампионот Хабиб Нурмагомедов. Џо е категоричен дека Тони Фергусон е очигледниот избор за следен противник на Орелот. Џо Роган го сподели својот подкастдека од УФЦ немаат избор и треба да му дадат нова шанса на Тони против Хабиб.

„Не, не, не. Не постои начин да се остави Тони во  калта. УФЦ се многу сериозни во нивните намери да направат нешто важно со учеството на Фергусон. Дана рече дека Тони бил следниот противник на Хабиб. По тоа што го покажа Тони во битката против Петис, не можете да го негирате. Сега е време да се направи оваа борба. Тони е брутален и сега е време. Ова е борбата.

Фергусон не изгубил во 12 борби, нели? Тој е во серија од 11 или 12 победи над борци како Едсон Барбоза, Кевин Ли, Ентони Петис, Џош Томсон, Рафаел дош Ањош, Ландо Ваната … Тони Фергусон е ѕвер и не го добива вниманието што го заслужува“.

Борбата меѓу Тони и Хабиб не успеа 4 пати. Последен пат беше во април, а потоа Дана Вајт рече дека никогаш повеќе нема да ја организираат оваа битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО