Мек Грегор станува моден дизајнер

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор продолжува да работи на својот статус на глобална суперѕвезда, откако денеска изјави дека следен чекор во неговата кариера ќе биде креирање на своја модна линија.

Мек Грегор, кој е познат по впечатливиот стил на облекување, планира да лансира своја модна линија која ќе биде дизајнирана со помош на Дејвид Аугуст Хејл, човекот кој го дизајнираше фамозното „F*ck you“ одело кое Конор Мек Грегор го носеше на една од прес-конференциите пред мечот со Мејведер.

Според информациите, модната линија ќе се вика „August McGregor“, и таа ќе биде примарно фокусирана на продавање маици, костими и накит.

„Сите знаат дека имам голема страст за модата, па затоа сакам да го споделам мојот препознатлив стил. Одамна зборувавме за да направиме заедничка модна линија, но дури во последните неколку месеци станавме сериозни и стигнавме до конечен договор. Сигурен сум дека на фановите ќе им се допаѓа тоа што следува“, изјави Конор Мек Грегор на прес-конференцијата.

Колекцијата „August McGregor“ се очекува да биде достапна веќе во првите неколку месеци од 2018 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО