Канело и Головкин во новата најава како дел од „златната ера“ (ВИДЕО)

Меѓу најавите за боксерскиот спектакл што не очекува за 11 дена, секако се истакнува интересна работа, во која Генадиј Головкин и Сол Алварез „се преселени“ околу 90 години назад, во „златната ера“ на боксот.

Тоа видео е објавен на профилот на Голден бој на Инстаграм, а освен нив двајцата, меѓу актерите се главниот менаџер на Голден бој, вооедно и на овој меч, Оскар де ла Хоја и легендарниот Бернард Хопкинс, кој од неодамна има важна улога во промоцијата, а тука служи како стручно лице и најавувач.

Двајцата најдобрите боксери во светот ги гледаме како влегуваат во салата во вистински „гангстерски“ стил, привлекувајќи го целото внимание на себе, по чекањето влегуваат во рингот, каде што почнува мечот. Се разбира, ова е само приказна, а вистинскиот меч ќе се одржи на 16 септември во Лас Вегас, во големата сала Т-Мобиле. Не можеме да дочекаме!

https://www.instagram.com/p/BYmg4WEn3Pm/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО