АМС: Петар Белистојаноски добитник на наградата „8 Септември“

Денес, во Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски и Одборот за доделување на Државната награда во областа на спортот 8 Септември на прес-конференција ги соопштија добитниците.

Проф. д-р Руждија Калач и проф. д-р Јовица Угриновски како членови на Одборот ги соопштија носителите на Државната награда „8 Септември“.

Тие информираа дека секоја година Одборот доделува четири награди за остварување во областа на спортот и една награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Во категоријата на наградa за остварување во областа на спортот, тие се доделија на:

– Гоќица Николовски – кајак
– Ристо Магдинчев – ракомет
– Александар Коцевски – Џајо – пливање
– Петар Белистојаноски – карате

Во категоријата награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план

– Иван Кочовски – шах
Директорот Дарко Каевски ја покани јавноста да присиствува на свеченоста на доделувањето на државната награда, која ќе се одржи во Собранието на Република Македонија на 08.09.2017 (ПЕТОК) со почеток во 11.00 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО