Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, изрази интерес за можноста да се бори во Москва. Вака зборуваше промоторот Владимир Хрјунов на прес-конференција пред турнирот на РЕН ТВ Фајт клуб. Мек Грегор е заинтересиран за боксерски меч со легендата Костја Цзју.
„Разговараме за можноста за посета на Конор Мек Грегор на Москва. Кога разговаравме за тоа дали ќе дојде или не, тој одеднаш праша: „Што прави Костја Цзју? – ги цитираше зборовите на Хрјунов од „Известија“.
Оваа вест се прошири во Русија и очигледно стигна до ушите на боксерската легенда.
„Немате доволно пари. Освен тоа, ќе мора да разговарате со мајка ми. Потоа со татко ми и мојата сопруга“, изјави Цзју во краткото интервју за рускиот медиум Известија.
Костја Цзју е поранешен неприкосновен светски шампион во лесна полусредна категорија. Тој е скор 31-2 (1) во бокс и победи на 25 средби со нокаут. Важи за еден од боксерите со најтежок удар во историјата на оваа дивизија. 52-годишниот ветеран последен пат се борел во 2005 година.
Мек Грегор го одржа последниот меч минатиот јули. Тогаш Конор се сретна со поранешниот привремен шампион Дастин Пориер. Во мечот Пориер победи во првата рунда откако Мек Грегор ја скрши ногата.