Мајк Тајсон го импресионира Даниел Кормиер (ВИДЕО)

Мајк Тајсон, една од најголемите боксерски легенди во историјата, покажа дека се уште знае да боксира и покрај тоа што има 55 години. Ова се случи пред друга легенда, но во ММА – Даниел Кормиер во шоуто на Брендан Маршал (поранешна ѕвезда на американскиот фудбал и сегашен ТВ водител).

„Диносаурусот“ беше испровоциран од Маршал да ги демонстрира своите вештини, а подоцна ја „поздрави“ публиката, самиот водител, поранешниот двоен шампион на УФЦ, како и другиот поканет во шоуто – Брендан Шауб (познат американски водител на подкаст, поранешен професионален мешан борец и комичар).

Брзо загревање со Брендан Маршал, Даниел Кормиер и Брендан Шауб“, напиша Тајсон на својот Инстаграм профил.

Потсетуваме, Тајсон неодамна објави дека се уште ја чека целосната исплата на ветениот хонорар за демонстративниот меч со Рој Џонс Јуниор.

Двете икони се сретнаа на пријателски боксерски меч на крајот на 2020 година, кој го организираше компанијата „Трилер“. Истиот синџир стои и зад промоцијата на натпреварите на Џејк Пол и новиот хибриден спорт „Триад комбат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО