Чендлер и Фергусон договориле пресметка, само се чекаат потписите

Се чини дека Мајкл Чендлер и Тони Фергусон се договориле за борба закажана за 7 мај на пограмата на УФЦ 274.

Имено, оваа информација ја откри најпознатиот ММА новинар Ариел Хелвани и додаде дека се уште чекаат двете страни да го потпишат договорот.

Настанот треба да се одржи во Бразил и ќе биде предводен од две борби за титулата.

Шампионот во полутешка категорија Гловер Тешеира ќе ја брани титулата против Јиржи Прохаска, а Чарлс Оливера по втор пат ќе го брани појасот во лесна категорија, овојпат против Џастин Гејџи.

Чендлер и Фергусон бараат борба која уште еднаш ќе покаже амбиција за врвот, бидејќи и двајцата се во лоша серија, Мајкл има два, а Тони три порази во низа.

Двајцата загубија во последните мечеви од Чарлс Оливеира и Џастин Гејџи, додека Бенеил Дариуш беше подобар дури и од Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО