Мек Грегор проба да го понижи Волкановски нарекувајќи го Полјак (ФОТО)

Конор Мек Грегор веќе две години нема борба во УФЦ, но редовно ги следи настаните, особено кога во октагонот е Алекс Волкановски, австралискиот борец со македонско потекло, со кого одамна е во војна и кого умешно го избегнува од дуел во октагонот.

Тој по ноќешната победа на „Александар Велики“ се обиде со само една реченица да го омаловажи неговиот успех, потценувајќи го со изјава како да воопшто не го познава, ниту знае од каде е

„Кој е овој Волкановски, некој си Полјак?“, напиша Мек Гегор.

Ирецот без разлика на напишаното добро знае кој е Волкановски и добро го познава неговиот квалитет, но желбата да го понижи го „примора“ да напише нешто за што беше веднаш нападнат на социјалните мрежи. Мек Грегор и во минатото упатуваше вакви удари кон Австралиецот, кој веднаш го предизвика на борба во октагонот, без разлика каде и во која категорија, што засега му останува неостварена желба.

Is that volkonovski guy a polish lad ?

— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 9, 2023

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО