Мек Грегор преговара со УФЦ за враќање во октагонот

Изгледа дека преговорите за враќањето на Конор Мек Грегор во УФЦ одат во правилна насока. Според гласините, ирската суперѕвезда смета дека ќе се бори двапати во 2018 година.

Повеќе од една година навивачите на мешани боречки вештини не го виделе нивниот миленик во кафезот. Целата 2017 година се подготвуваше за своето историско преминување во светот на боксот, за да застане против еден од најдобрите во рингот, Флојд Мејведер.

Откако овој период е веќе зад него, сега тој и управата на УФЦ треба да најдат консензус за новиот договор на спортистот, кој и покрај преголемата слава надвор спортот, сепак останува ММА натпреварувач и шампион во една од категориите на организацијата. Шампионските појаси треба да бидат бранети. Нешто поради што постојано е обвинуван.

Засега, според неофицијални информации, преговорите меѓу двете страни одат повеќе од добро и сите ќе можеме пак да ги гледаме ММА вештините на Мек Грегор.

https://youtu.be/oKF73CDtazM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО