Мек Грегор откако навреди парализиран боксер го собра гневот на фановите: Ѓубре од човек

Конор Мек Грегор е познат како еден од најконтроверзните борци во ММА светот, а поради неговите брутални коментари на социјалните мрежи сè почесто го собира гневот кај пошироката популација, па затоа, кај повеќето луѓе станува омразена личност. Овој пат, по борбата меѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон, Ирецот го спомена тешко повредениот боксер Причард Колон, а според мислењето на многумина со тоа покажа дека нема ни трошка чувство.

Тешко е да се избројат сите навреди напишани или кажани од Конор низ годините. Ирецот е познат по навистина грозоморните навреди кон луѓе кои не може да ги поднесе, но овој пат го допре дното.

„Го тергетираат Причард Колон за следен противник“, напиша Конор Мекгрегор и поради тоа доби брутални коментари.

Секако, Мекгрегор ја избриша објавата на социјалната мрежа Х, но интернетот памети се.

„Какво ѓубре од човек. Не е ни чудо што никој не го сака, е еден од коментарите, додека друг додава: „Ѓубре и силувач“… „Ова е одвратно. Ова не е за шегување“, се дел од коментарите.

Причард Колон е боксер кој зад себе има навистина тажна приказна. Тој беше голема боксерска надеж, но борбата со Терел Вилијамс во 2015 година му го уништи животот.

Вилијамс постојано го удираше Колон во задниот дел од главата. Судијата одби да реагира, во деветтата рунда Колон падна на земја, а лекарите дадоа знаци дека борбата може да продолжи, односно дека е способен за такво нешто.

Причард по натпреварот падна во кома, во која беше 221 ден и после тоа никогаш не беше истиот. Од тој момент, беше врзан за инвалидска количка, засекогаш неподвижен и тежок за комуникација… Но, очигледно е дека Конор нема чувства баш за ништо.

Инаку, Ирецот долго време е надвор од октагонот. Не се ни сеќава кога последен пат победил и единствено што му останува е да навредува и зборува, а со зборови сè повеќе ја губи почитта.

Треба да се напомни дека Ирецот моментално е на суд во Даблин под обвинение за силување и дека признал дека редовно користел кокаин. Најверојатно ова е причината за дивеењето на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО