Мек Грегор објави видео од болницата и удри по Пориер

Конор Мек Грегор имаше успешна операција на скршената нога. Големата ѕвезда на УФЦ објави видео од болницата и изјави дека сè поминало перфектно.

„Озлогласениот“ помина 3 часа во операционата сала и лекарите веруваат дека целосно ќе се опорави по оваа скршеница. Изминатиов викенд во Лас Вегас, Мек Грегор ја скрши ногата во првата рунда од борбата со Дастин Пориер.

Така ја изгуби трилогијата, но верува дека попразот од Пориер е нелегален. На својот профил на социјалните мрежи, Конор го напиша што мисли за мечот.

„Само што излегувам од операција. Сè помина одлично. Се чувствувам одлично. Ќе поминам 6 недели на патерици, а потоа повторно ќе се изградувам. Ајде да го направиме тоа. Бог да ве благослови.

Што се случува со навивачите на боречките спортови? Сè одеше според планот и беше совршено. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе ширум светот за пораките. Се надевам дека уживавте во настанот.

Сакам да им се заблагодарам на сите оние 21.800 луѓе кои беа во салата. Тоа беше пеколна прва рунда. Би било убаво да влеземе во втората рунда и да видиме што ќе се случи.

Таков е бизнисот. Тоа беше чиста скршеница на глуждот и не требаше да се случи. Дастин може да ја прославува оваа нелегална победа колку што сака. Тој не стори ништо во кафезот и втората рунда ќе го покажеше тоа. Ќе се ослободам од прашината и ќе се вратам посилен од кога било“, изјави Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО