Мек Грегор не сака на уФЦ 200 да се бори во Лас Вегас (ВИДЕО)

Rafael i Mek Gregor soocuvanje

Шампионот во перо категорија, Конор Мек Герегор, ќе се бори против шампионот во лесната категорија на УФЦ, Рафаел дош Ањош на УФЦ 196 на 5 март во Вегас. Потоа се очекува тој да направи уште еден меч на УФЦ 200 на 9 јули, повторно во главниот град на коцкањето.

А потоа?

„Да го почувствувам Вегас“, рече Мек Грегор за време на интервју во Даблин. „Сериозно, да го почувствувам. Потоа сакам да се борам на источното крајбрежје. Ако не ми дадат средба во Ирска, тогаш барем нека е на источното крајбрежје. Да бидам пак во Бостон. Знам исто така дека лобираат и за ММА натпревари во Ирска . Последен пат кога бев во Бостон си поминавме добро. Не е толку далеку. Летот е 5 часа.

Ќе се борам во O2 или 3 Арена или Поинт. Ќе се вратам и ќе се борам таму. Не ме интересира што собира само 9.000 луѓе. Не сум го заборавил тоа. Не сум го заборавил својот роден град. Јас се уште сум тука. Секој ден излегувам тука. Јас се уште сум јас.

Вегас овој пат. Вегас и следната можеби, затоа што веќе имам договор за УФЦ 200. Но потоа или источното крајбрежје или Даблин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON