Стефан Пецевски: Подобар од вчера-послаб од утре, следна цел се Европското и Светското првенство (ФОТО)

Stefan vtor voGermanija na BJJ

Стефан Пецевски овие два викенда го крена адреналинот кај вљубениците на бразислокото џиу џицу, бидејќи освои четири медали на две силни натпреварувања во конкуренција на сини појаси.  Претходниот викенд во Загреб на Отвореното Европско првенство во БЏЏ за Источна Европа освои два златни медали и во категорија и во апсолутна, завчера во Минхен-Германија, на „Минхен опен 2016“  освои сребрен медал во категорија и бронзен во апсолутна.

Пецевски е член на Ценатрот за боречки вештини „Д’Стронгест“, односно е член на тимот „Рутс БЏЏ“. Тој е студент на Факултетот за физичка култура, а идол му е Леандро Ло.

 Setfan Pecevski sam vo Minhen

Во последните два викенда поприлично ја израдува македонската јавност со медалите во Загреб и Минхен на силните БЏЏ турнири. Којае е тајната на успехот?

Тајната на успехот потекнува од самиот себе. Секојдневните тренинзи, напорната работа и посветеноста сами по себе даваат резултати. Секако тоа е потпомогнато од добриот тренер и неуморните спаринг партнери, добри услови за тренинг, учество на многу семинари и турнири.

Лесно ли беше во Минхен, бидејќи во еден ден стигна и до сребрен медал и до бронзен?

Воопшто не беше лесно да се учествува на ваков турнир со европски размери. „Стилот на игра“ на борците е многу поразличен. Во категорија до 82 кг, по неколку победи, ја загубив финалната борба, каде, иако водев на поени, противникот успеа да нанесе гушење и ја доби борбата. Потоа настапив во апсолутната категорија, каде се среќаваат борци од сите категории, без разлика на килажата. После неколку добиени борби со зафат, полуфиналната борба ја изгубив од Французин кој беше 12 кг потежок од мене, и го освоив бронзениот медал.

Stefan i Ivica so dvata medala vo Minhen

Дали овие успеси се најава за поголеми достигнувања?

Секако дека ова е мотив за понатамошен успех. До крајот на годината не очекуваат уште многу турнири. Секоја борба е ново искуство и не прави подобри. Или, како што сака да каже мојот пријател Сулејман – „подобар од вчера, послаб од утре“.Stefan Pecevski borba vo Minhen ofic

Македонија досега нема натпреварувачи на големите европски и светски првенства. Каде се гледаш на овие шампионати?

Планираме наредната година да настапиме на Европското првенство во Лисабон, а доколку најдеме финансиски средства би настапиле и на Светското првенство во Абу Даби.

Дали БЏЏ е спортот кој ќе му носи нови успеси на македонскиот спорт?

Македонија отсекогаш имала големи успеси во боречките спортови. БЏЏ е релативно млад спорт во нашата земја, но има големи таленти и мислам дека можеме да оствариме висиоки резултати.

Дали ќе се концентрираш само на БЏЏ или може да очекуваме дека ќе се појавиш и на ММА сцената?

Веќе ја имав првата ММА борба оваа година, на денот на мојот роденден. Победив со технички нокаут. На 6 март повторно ќе настапам на ММА турнир во Прилеп. Се надевам дека уште еднаш ќе го одбранам знамето на БЏЏ.

Setfan Pecevski progalsuva za pobednik

Кој е Стефан Пецевски?

Имам 20 години. БЏЏ почнав да тренирам на 16. Претходно се занимавав со други боречки вештини. Сакав предизвик и одлучив да тренирам БЏЏ, со цел еден ден да се натпреварувам. Почнав да тренирам во Центарот за боречки вештини „Тhe Сtrongest“ како член на тимот „Roots BJJ“, клуб кој ги постави темелите на БЏЏ во Македонија, каде што главен тренер е Ивица Алексовски, кој воедно е и претседател на Македонската БЏЏ федерација и е носител на кафеав појас под водство на Роберт Наумоски. До сега имам освоено 29 медали, од кои 16 злата, 10 сребра и 3 бронзи. Позначаен успех ми е тоа што два пати сум Источно европски шампион (2013, 2016).

Ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО