Мек Грегор му порача на Гејџи: Од твоите заби ќе си направам ѓердан!

Ирскиот борец Конор Мек Грегор испрати сериозни закани до привремениот УФЦ шампион Џастин Гејџи, кој викендов го победи Тони Фергусон. Непријателството на Мек Грегор кон Гејџи датира од лани, кога преку Твитер Американецот за Конор рече дека е „ништо“ од човек, татко и маж.

„Твоите заби. Ќе ги наредам на мојот кралски ѓердан. Ти си крал кој е мртов. Никогаш не кажувај дека ја претставуваш големата нација САД. Вистински Американец нема џихадистички терорист за агент“, му порача Мек Грегор на Американецот.

Џастин по победата над Фергусон рече дека сака да се бори со Хабиб Нурмагомедов во битка за вистинската титула во лесна категорија, но како што стојат работите, веројатно повеќе пари би му донела пресметка со Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/B_aNtxQpyUU/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО