Мајк Тајсон објави снимка од брутален тренинг со застрашувачка брзина (ВИДЕО)

Мајк Тајсон објави нова убествена снимка од тренинг и го запали интернетот.

Застрашувачката брзина и сила која ја има 53-годишниот Тајсон е нешто што би требало да биде голем предизвик за секој противник.

„Челичниот Мајк“ најави дека би се вратил во рингот за хуманитарни цели и во егзибиционен карактер, но дека нависитна е сериозен во тоа што го збори веќе ни докажа со неколку видеа кои ги сподели на социјалните мрежи.

Дури и неговиот тренер потенцираше дека легендарниот боксер е во завидна форма со оглед на долгогодишната пауза, а дека дополнително напредува од тренинг во тренинг ни демонстрираше со последното видео.

– Се е возможно кога сте паметен во тоа што го правите. Тренирајте паметно, опоравете се паметно.

https://www.instagram.com/p/CADjPgOl_Nw/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО