Нова војна – Конор: Хабиб ти си срам; Хабиб: Не биди фалшлив!

Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов пак се замаваа на социјалните мрежи.

По разврската во борбата меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејџи, Мек Грегор го нападна Џастин барајќи борба со него. Со порака по борбата се јави и Хабиб, па Мек Грегор не пропушти прилика и со него да се расправа.

„Хабиб, ти си срам. Мал стаорец кој се крие, како и секогаш, како што кажав многу пати: Без коментар, ха ха. Ти си срам за боречките спортови“, напиша Мек Грегор.

Ниту Хабиб не му остана должен.

„Да, се сеќаваме. Баш беше добар онаа вечер. Биди свој, не биди лажго. Ти зборуваш за гушкање нозе? Веројатно не заборави што ти направив? Очигледно пијан пишуваш твитови. Те разбив удирачки, те растурив во борење и те уништив во „граплинг“. Бараше воздух со рацете и потоа се откажа. И не заборавај што кажа – Ова е само работа“, му одговори Хабиб.

https://www.instagram.com/p/CAENmzvJyGT/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО